
Американската амбасадорка Анџела Агелер упати сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани.
-Срцето ми се кине утрово за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство го упатуваме до жртвите и нивните најблиски во ова ужасно време, а им посакуваме брзо закрепнување на повредените. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија – наведува Агелер во објавата на фејсбук профилот на Амбасадата на САД во земјава.