Skip to main content
Македонија

Африм Гаши доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар

23/07/2025  10:24

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Според болнички извори, Гаши бил примен со болки, но без крварење и други посериозни симптоми.

Kабинетот на собранискиот спикер засега се нема огласено и нема информација дали претседателот Гаши е на клиника или по интервенцијата е пуштен на домашно лекување.