Skip to main content
Скопје

Аеродромска чаршија – ново економско јадро во Аеродром!

16/10/2025  10:34

Левица – Аеродром го најавува проектот „Аеродромска чаршија” – модерна пешачка зона која ќе никне покрај кејот на реката Вардар, на местото каде сега има запуштено и нефункционално зеленило кое со години не се одржува, а во летниот период се претвора во вистински змијарник.

Со овој проект, ова запуштено подрачје ќе се претвори во уреден и живописен простор за шетање, дружење и одмор, со нова урбана опрема, клупи, осветлување, патеки и ново зеленило кое ќе му даде нов живот на овој дел.

Во состав на чаршијата ќе бидат изградени мали комерцијални објекти: уметнички атељеа, занаетчиски работилници, кафулиња, инфо-центар и бина за мини концерти на отворено, место каде што уметноста, културата и локалната економија ќе оживеат заедно!

Со проектот „Аеродромска чаршија”, создаваеме ново општинско економско јадро кое ќе стане симбол на современ, културен и зелен Аеродром по мерка на неговите жители!

Аеродром оживува со Левица!