
Поради леденото време аеродромите се затворија а летовите се откажаа во делови од Европа. Аеродромите во Будимпешта, Унгарија, Братислава, Словачка и Виена, Австрија, мораа привремено да бидат затворени во вторник наутро поради временските услови.
Дебел слој мраз се формирал на пистите во Виена и постојано замрзнувал додека се водеа напори за негово отстранување, изјави портпаролот на аеродромот.
Летовите се пренасочуваат кон други аеродроми, додадоа тие.
Се очекуваше аеродромите во Виена и Братислава да бидат отворени во текот на денот.

