Skip to main content
Скопје

Аеродром, по 15 години, набави нова механизација за одржување урбано зеленило

21/05/2025  14:06

Општина Аеродром, по 15 години, набави нова современа механизација за одржување на урбано зеленило. Новите машини денеска беа ставени во функција во паркот „Авионче“ по претходна кратка обука на вработените за нивна правилна употреба, соопштија од Општината.

Механизацијата на Општина Аеродром од денеска е збогатена со 4 нови „рајдер“ косилки, 5 моторни робусни тревокосачи, 5 професионални тримери за косење, а во наредните денови треба да пристигнат и 5 грбни дувалки. Вкупната вредност на овие машини изнесува 3 милиони денари.

„Новата механизација е од исклучително значење за Општината, затоа што на територијата на Аеродром има над 200 илјади м2 тревна површина. Комуналните екипи периодов интензивно работат на одржување на тревните површини, чие косење беше отежнато поради неповолните временски услови и обилните врнежи од дожд, како и од нередовното косење на тревата од страна на ЈП „Паркови и зеленило“ на површините што се под надлежност на Град Скопје“, велатод Општина Аеродром.