Skip to main content
Свет

Администрацијата на Трамп намалува уште 450 милиони долари од финансирањето на Харвард

13/05/2025  20:26

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека осум федерални агенции ќе ги откажат грантовите наменети за Универзитетот Харвард во вредност од 450 милиони долари.

Според специјалната работна група за антисемитизам формирана од администрацијата, причината за ова е тоа што универзитетот не го решил проблемот со расната дискриминација и антисемитизмот на својот кампус.

Харвард се уште не коментираше за најновото повлекување на грантовите.