Skip to main content
Македонија

Адеми: НАИ прогласи победи во прв круг во Гостивар, Липково и Пласница 

19/10/2025  21:41

Уште во првиот круг е затворена големата победа во Гостивар, со една глабока разлика 6:1 наспроти кандидатот на „Вреди“, соопшти Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција.

Во Кичево и Струга, како што рече, нивните кандидати влегуваат во втор круг, со противкандидати од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ме информираат соработниците дека за првпат е напишана историја во Чашка“, додаде Адеми.

ДУИ претходно прогласи победа во Липково и Пласница.