Ацо Мартиновиќ (45), осомничен за повеќекратното убиство во Цетиње, вечерва се обидел да се самоубие и починал при болнички транспорт, потврди министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ.
Според информациите, полициската акција за неговото пронаоѓање била успешно спроведена. Сарановиќ додаде дека Мартиновиќ не починал веднаш по обидот за самоубиство, но подлегнал на повредите додека бил пренесуван во болница.
Директорот на полициската управа, Лазар Шќепановиќ, истакна дека мотивот за убиството не е познат и дека жртвите се пријатели и кумови на Мартиновиќ.
За среќа, повредените се во стабилна состојба. Мартиновиќ започнал масакрот во кафеаната “Велестово”, каде што убил сопственикот и уште тројца мажи, а потоа се упатил кон населбата Хумчи, каде што ги убил децата на сопственикот на кафеаната и ја ранил неговата сопруга.