Осомничениот за повеќекратно убиство, Ацо Мартиновиќ, бил лоциран во близина на неговата куќа во Бајице, јавува порталот ПРЕСС. Според информациите, нешто по 19 часот полицијата го опколила и се обидува да го приведе.
Седум лица го загубија животот во денешната престрелка во Цетиње. Меѓу жртвите се М.В., Р.М. и Б.М., додека едно лице со иницијали А.М. е рането.
Во попладневните часови, 45-годишниот Мартиновиќ влегол во ресторан и со огнено оружје убил неколку лица, по што вооружен го напуштил местото на злосторството и побегнал.