
Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Костадин Ацевски
Почитувани
Ова е програмата со која градоначалникот на Ѓорче, Стојкоски настапи на локалните избори во 2021 и ова е истата програма со која, ќе настапи и на локалните избори во октомври 2025, затоа што буквално не е реализиран ниту еден од ветените проекти.
Што кажуваат фактите, какво ветуваа дека ќе биде, а какво е Ѓорче денес?
Има ли еден милион нови дрва? Нема, а постојните се сушат и паѓаат.
Дали Ѓорче денес, е белите дробови на Скопје? Не, туку е една од најзагадените општини во Македонија.
Има ли паркови во секое маало и нови зелени површини? Нема, а постојните се во толку хаотична состојба, што не помагаат ни тримерите изнајмени за 1200 денари од час.
Дали сеуште има неасфалтирани улици? Да, повеќе од 100.
Има ли нов кружен тек и подобрена безбедност на главните сообраќајници? Нема, имаме сообраќаен хаос и снимање видеа за тик ток.
Има ли подобрено водоснабдување во урбаниот дел? Не, во поголемиот дел од општината, граѓаните водата ја добиваат буквално капка по капка.
Уреден ли е кејот на реката Лепенец? Има ли патека од Хром до Влае покрај Вардар? Не, не се поминува ни по едниот ни по другиот кеј.
Дали денес Ѓорче е без отпад? Не, денес Ѓорче е преплавено со ѓубре, а мини депонии никнуваат во секое маало.
Имаме ли нови и безбедни детски игралишта? Не, а постојните се руинирани и крајно небезбедни.
Има ли нови градинки и училишта, има ли нова градинка во населбата Александрија? Има ли ново Основно Училиште Гоце Делчев? Нема. Имаме листи на чекање и групи во градинките со по 40 дечиња?
Има ли катни гаражи и паркинзи, Не, има тепачки за паркинг места, блокирани улици и тротоари, и нови згради што никнуваат секој ден.
Се носат ли дупови на транспарентен начин по широка јавна дебата? Не, ДУПови во Ѓорче се носат на шверцерски и криминален начин, на вонредни седници и предвидуваат изградба на 30 висококатници со повеќе од 4000 станови и хемиска фабрика, без согласност и со предупредување од ЈП Водовод дека изградбата на зградите ќе му наштети на водоснабдувањето на Градот Скопје.
Дали интересот на граѓаните е пред се? Не, се е во интерес на инвеститорите!
Ѓорче денес, е запоставено, бетонизирано, нечисто, , нефункционално.
Граѓаните добро знаат што е, а што не е направено, не се потребни отчети и скап театар.
Граѓаните бараат работа и грижа за јавното добро.
Најавениот 4ти отчет на Стојкоски, за среќа на Ѓорчевци ќе биде и последниот отчет на најнеспособниот градоначалник во историјата на општина Ѓорче Петров.
Ѓорче може, мора и заслужува подобро!