Skip to main content
Скопје

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче

15/10/2025  16:29

Сметам дека во Ѓорче Петров треба да се случат промени на подобро поради состојбата во која се наоѓа Ѓорче денес. Јас и мојот тим имаме неколку клучни проекти за Ѓорче Петров во иднина да биде со еден хуман развој и да се менува на подобро, вели во дебата на МРТ кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски.

 – Детектираме реални проблеми и нудиме реални, конкретни и практични решенија. Ние го замислуваме Ѓорче како чиста и уредена општина, со средени јавни простори, со зелени површини кои редовно се одржуваат, со нови зелени површини, содржини за најмладите, со пешачки патеки, со градинки каде нема листа на чекање.

Ѓорче Петров ќе биде општина каде урбанизацијата нема да биде синоним за бетонизјација, ќе го запреме бетонирањето во општината.

Има цели простори од Општина Ѓорче Петров во кои нема ДУП-ови, а за сметка на тоа во други делови постојано се менуваат плановите за да има нови и нови згради, а и куќите стануваат згради. Развоен буџет не е буџет кој се темели на изградба на згради, особено не со 30 висококатници во срцето на Ѓорче, тој буџет не е ни развоен, ни реален, вели Ацевски.