Skip to main content
Скопје

Ацевски: Добро е што Стојкоски се сети на фонтаните, може ќе се сети и на хигиената и сообраќајниот хаос во Ѓорче

01/07/2025  22:09

Градоначалник, не знам дали е поради видеото што го објавив, ама во секој случај добро е што конечно се сети на фонтаните, после долго време, пуштени се три – всушност две, бидејќи едната ја пуштија самите граѓани, пишува на фејсбук кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров Костадин Ацевски.

Ацевски претходно во видео обраќање алармираше дека ниту една јавна чешма не работи и тоа во период на екстремно високи температури.

Понатаму, Ацевски во објавата му се обраќа на градоначалникот Александар Стојкоски да се сети и на хигиената, запуштените игралишта, слабиот притисок на водата, сообраќајниот хаос, заборавените улици…

,,За урбаниот хаос и неконтролирана бетонизација знам нема ни да помислиш. Бетонизацијата ти стана синоним за урбанизација. Ние ќе продолжиме да ги детектираме проблемите на граѓаните и да нудиме решенија” вели Ацевски.