Skip to main content
Балкан

Аца Лукас приведен на аеродром во Гетеборг

29/03/2026  17:10

Аца Лукас бил приведен од граничната полиција во Гетеборг, дознава српскиот таблоид Курирдознава српскиот таблоид Курир. Лукас требало вечерва да одржи концерт заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гиле Јашарспахиќ, но наводно бил запрен при гранична контрола на аеродром.

Раста и Гиле без проблем ја поминале пасошката контрола и влегле во Шведска, на Лукас, од засега непознати причини, му бил забранет влез во земјата. Тој бил задржан на дополнително испрашување, по што била донесена одлука да не му се дозволи влез.

Неофицијално, се очекува негова депортација во наредните часови.