
Еден од четворицата македонски државјани останати во Сирија и Ирак како припадници на радикални милитантни структури, Абдул Јашари како командант на екстремистичката група „Џемати Албан“ речиси два месеци има фунција во новата сириска влада, формирана по падот на режимот на Башар Ал Асад. Информацијата ја објави и агенцијата Ројтерс која се повикува на извори од сириската влада.
Абдул Јашари е познат и како командант Абу Ал Катада Албани. Идентитетот и фотографиите му беа сокриени со години, а за првпат му беше објавена слика на крајот на декември од канцеларија во Дамаск. Во Македонија треба да се гони за кривично дело „учество во странска војска“, а од АНБ кратко ни одговорија дека ја следат ситуацијата.
„Активно ја следиме ситуацијата во Сирија, а секако и активностите на лицето, во рамки на делокругот на надлежностите на Агенцијата“, ни одговорија од АНБ.
Според сознанијата на странските служби кои пристигнале во Македонија, Јашари алиас Албани важел за водач на Фронтот Ал Нусра, огранок на Ал Каеда во Сирија. Поради тероризам, Американците го ставаат на црната листа и му ги забрануваат финансиските трансакции. Потоа станува командант на „Џемат Албан“, мала екстремистичка група составена од Албанци од Македонија, Косово, Албанија и други делови на Европа.
Во Македонија имало повеќе истраги во кои се споменувало неговото име. Тој дури бил и дел од истрагата за масакрот кај Смилковско Езеро на Велики четврток во 2012-та, кога беа ликвидирани четворица тинејџери и еден жител на Смилковци.
Целиот текст прочитајте го на Телма со клик ТУКА.