
Истражувањето објавено од списанието Фокус, со наслов „Долината на волците на градоначалникот на Тетово”, отвора сериозни и аргументирани сомнежи за клиентелистички, семејни и политички врски во постапките за јавни набавки во Општина Тетово и Општина Желино.
Според ова истражување, градежни компании блиски до градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, пратеникот Аднан Азизи, како и други функционери од актуелната власт, оствариле јавни набавки во вредност од над 6 милиони евра, што претставува јасни индиции за корупција, судир на интереси и злоупотреба на службената должност.
Особено загрижувачки се наводите за фаворизирање на компанијата „Мурана Компани”, сопственост на вујкото на градоначалникот Билал Касами, како и синџирските поврзаности со партнерски компании кои, според Фокус, континуирано профитирале од инфраструктурни проекти во два последователни мандати.
Сериозни правни дилеми отвора и начинот на спроведување на тендерските постапки, каде што, според истражувањето, не била побарана градежна референца или искуство, туку само минимални формални критериуми, што е спротивно на принципите на фер конкуренција и рационално користење на јавните средства.
Во правна држава, сериозните индиции документирани и објавени во медиумите ја обврзуваат Јавната обвинителство да постапи ex officio. Институционалниот молк и отсуството на реакција од страна на Општина Тетово само ги продлабочуваат сомнежите.
Алијансата за Албанците бара итна, независна и неселективна истрага. Јавните средства не се семејна ниту партиска сопственост.
Владеењето на правото се тестира токму во вакви случаи.
Соопштение, Алијанса за Албанците
