Skip to main content
Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер

24/11/2025  08:29

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Од вторник до сабота, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.