Skip to main content
Македонија

(Документи) За настапот на Аца Лукас се беше пријавено, велат од кафулето

23/11/2025  21:20

Кафулето Рома во кое настапуваше Аца Лукас, каде што беше уапсен, го демантира градоначалникот Митко Јанчев за пропустите од страна на УЈП, ДПИ, Инспекторат за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци.

“Во врска со изјавата на градоначалникот д.р. Митко Јанчев како и на некои објави на портали за утврдени пропусти од страна на УЈП, ДПИ, Инспекторат за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци, го доставувам овој демант и остро ги демантирам сите изјави и пишувања.

Од моја страна како сопственик на Рома кафе сметам дека не е сторено ниту едно пркршочно дело наведено од градоначалникот и медиумите.

Објектот за настанот беше издаден под наем и целата правна обврска и одговорност при инспекцискиот надзор е на тој правен субјект поткрепено со писмен договор.

Аца Лукас имал валиден влез и запазен престој (со што е потврдено од судијата во основниот суд во Кавадарци).

Настапот беше наменет за промоција на негова сопствена крипто валута. Тротоарот за кој имавме барање до општината за користење беше одбиено и истиот не се користеше во врска со настанот. Инспекторите од УЈП и ДПИ при извршената контрола ке поднесат соодветни поднесоци за дел од констатирани неправилности спрема правниот субјект

Рома кафе во насока со законските прописи и насоките од градоначалникот поднесе Барања до Општина Кавадарци, Противпожарна единица, ЈЗУ Општа болница и до Полициска станица – Кавадарци. Во барањата е образложен целиот настан и нивна присутност поради поголем број на посетители (за кое имам писмен доказ). После пријавувањето за настанот добивме напатствија од надлежните институции како да настапиме на денот на настанот и истите беа исполнети од наша страна“ се наведува со демантот од Рома.

24инфо.мк во продолжение екклузивно го објавува барањето поднесено од страна на управителот на кафулето Рома а доставено до полициската станица во Кавадарци.

Во прилог и Барањата до Противпожарната бригада и Болницата во Кавадарци. Сите овие дописи се доставени една недела пред закажаниот концерт.