
На 22.11.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, при што и го одзел мобилниот телефон. Исто така, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје пријави дека околу 13:00 часот бил физички нападнат од неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.11.2025 во 16:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Т.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 33-годишна жена дека на 21.11.2025 во 23:30 часот, во домот каде што престојуваат на подрачјето на Карпош во Скопје, физички ја нападнал. Исто така, К.Т. пријави дека бил физички нападнат од неговата сопруга. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

