Skip to main content
Економија

Четврти ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026

21/11/2025  16:11

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. На четвртиот ден беа разгледани главно амандмани поднесени од пратениците на Европскиот фронт, а се однесуваа на изградба на водоводни и канализациски мрежи и реконструкции на локални и регионални патишта. 

Ниту еден амандман не беше усвоен, што предизвика реакција кај пратеничката Арбана Пашоли: “Како пратеници ние сме гласот на народот и тука сме за потребите на граѓаните.”

“Не може да поминуваат само амандманите на мнозинството, а да нема простор за амандманите на опизицијата. Досегашните амандмани се од есенцијална потреба за граѓаните, не се луксуз,” изјави Пашоли.

Дебатата ќе продолжи по паузата која е закажана до 16:10 часот. Според најавите, Предлог-буџетот за 2026 година се очекува да биде разгледан на пленарна седница на 9 декември.