Skip to main content
Македонија

(Фото) Необична пена во Вардар: Зелениково реагира веднаш, земени примероци за итни анализи!

21/11/2025  15:16

Општина Зелениково соопшти дека утрово, при активирање на пумпите за препумпување на отпадните води од Скопското Поле, во селото Таор била забележана појава на пена во значително поголем обем од вообичаеното. Пената се појавила во одводниот канал што се влива во реката Вардар, а препумпувањето ги опфаќа општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Петровец и околината.

„Општинските служби заедно со АД ‘Водостопанство’ излегоа на терен за увид и координација со надлежните институции за понатамошно постапување“, изјави градоначалникот Коста Маневски.

За да се утврди хемискиот состав на пената и можните извори на загадување, Институтот за јавно здравје на барање на општината земал примероци од водата и од самата пена. Паралелно со тоа, Зелениково поднесе пријава до Државниот инспекторат за животна средина, кој треба да ја преземе натамошната контрола и мерки.

Од општината најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш штом пристигнат резултатите од анализите и насоките од надлежните институции за понатамошно постапување.