Skip to main content
Македонија

Нема да се плаќаат никакви давачки на курирските служби што ги доставуваат пратките од Тему по воведувањето на ДДВ

21/11/2025  14:54

Граѓаните нема да плаќаат никакви давачки на курирските служби кои ги доставуваат пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, откако Владата воведе данок од 18 отсто за увезените производи до 22 евра. Од фирмата „Еко логистик сервис“ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека данокот е пресметан во цената на производот објавен на сајтот и дека граѓаните нема да имаат никакви скриени трошоци.

„Курирските служби се само доставувачи на пратките. Граѓаните треба да бидат сигурни дека ќе ја платат само цената која е објавена на сајтот и што ја платиле при нарачка на производот. Данокот е пресметан во таа цена, а давачката кон државата ја плаќа фирмата преку која пратките стигнуваат во земјава“, велат од „Еко логистик сервис“.

На 18 ноември, Собранието ги усвои измените на Законот за додадена вредност (ДДВ) со кои се предвидува оданочување од 18 отсто на пратките од странство и до 22 евра. Од Министерството за финансии вчера соопштија дека ќе нема дополнителни давачки и оти пратките кои граѓаните ги порачуваат од „Тему“ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот.

Целиот текст прочитајте го на Сакам да кажам со клик ТУКА.