Skip to main content
Македонија

Силен ветер урна дрво на Кеј Македонија во Охрид

21/11/2025  08:45

Силен налет на ветер рано утрово урна едно од дрвјата на главното градско шеталиште Кеј Македонија, во близина на езерото. Дрвото паднало директно на шеталиштето, целосно блокирајќи го пристапот, но за среќа, нема повредени лица во инцидентот, пишува Охрид1.

Настанот се случил во раните утрински часови, кога движењето на граѓаните е минимално, што најверојатно спречило посериозни последици.

Од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ потврдија дека нивни екипи веднаш излегле на терен по добиената пријава. Утрово, екипите се ангажирани со механизација за сечење и отстранување на паднатото дрво со цел што поскоро да се расчисти шеталиштето и да се врати нормалното функционирање на овој фреквентен дел од градот.