
Синот на исчезнатиот Вечко Милановски, Андреј Милановски, соопшти на социјалните мрежи дека неговиот татко е пронајден.
„Фала ви на сите, го најдовме. Добар е, жив и здрав, фала Богу“, напиша тој.
Претходно, на социјалните мрежи беше објавен апел за помош во потрагата по Милановски, откако последниот контакт со него бил на 18 ноември 2025 година, околу 12:50 часот, на Клиниката за онкологија „Мајка Тереза“, по што му се губел секој траг.
Во објавата беше наведено дека се движел со бел Nissan Qashqai со регистарски ознаки КУ-8630-АИ, а синот повика сите кои имаат информација да се јават на телефонскиот број 078/577-598 или да ја известат полицијата.
