
Сообраќајот на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје е целосно во прекин од 08:40 часот утрово, откако на делот кај резерватот „Јасен“ се појавил одрон што ја блокирал коловозната лента.
Надлежните служби се известени и работат на расчистување на земјиштето и камењата од патот, по што сообраќајот ќе биде нормализиран.
Возачите се повикуваат на претпазливост и да ги следат насоките од службите на терен.

