
Македонската фудбалска репрезентација доживеа тежок и убедлив пораз на гостувањето во Кардиф, каде што Велс славеше со високи 7-1. Со овој резултат, Македонија го заврши циклусот на квалификациите на третото место во групата, иако за пласман понатаму ѝ беше доволно и реми.
Домаќините уште од самиот почеток покажаа доминација. Во 18. минута, Вилсон од пенал донесе водство за Велс, а само три минути подоцна Брукс го зголеми резултатот на 2-0. Македонија успеа да се врати во игра преку Миовски, кој веднаш намали на 2-1 и внесе надеж дека може да се избегне поразот.
Сепак, пред крајот на првото полувреме, Џонсон со прецизен удар постигна прекрасен гол за 3-1, што ја врати психолошката предност на Велшаните.
Во вториот дел следеше целосен распад во играта на македонската репрезентација. Велс продолжи со агресивен ритам и ефикасност, постигнувајќи уште четири гола. Џејмс ја зголеми разликата на 4-1 во 57. минута, Вилсон погоди со слободен удар за 5-1, а потоа одново, од пенал, го комплетираше својот „хет-трик“ за 6-1.
Конечниот резултат 7-1 го постави Бродхед по корнер и слабата реакција на македонската одбрана.
И покрај тежокиот пораз, Македонија ќе го чека жрепката за баражот за Мундијалот од четвртиот шешир, благодарение на позицијата во Лигата на нации. Сепак, натпреварот во Кардиф ќе остане запаметен како еден од најболниот порази на националниот тим во поновата историја.
