
На 17.11.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од околу 5000 евра од Н.К.(29).
Според пријавеното, во периодот од декември 2023 година до декември 2024 година таа во неколку наврати му ја исплатила сумата за да извади македонски лични документи и македонско државјанство за неа и нејзините сестри. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
