Skip to main content
Хроника

Маж и жена најпрво се тепале на клиника па сакале да продолжат и во автобус на ЈСП – Возачот го извлекол подебелиот крај

18/11/2025  14:49

На 17.11.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза” бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(26) од Скопје и 32-годишната С.П. од Демир Капија.

Исто така, во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постројка на бул.„Александар Македонски”, Б.Д. сакал насилно да се качи во автобус каде била С.П., а откако возачот не му ја отворил вратата агресивно се однесувал кон него.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок