
Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и општина Тетово, се забележани проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова предизвика создавање локви и задржување на вода под подвозниците и надвозниците, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
ЦУК апелира до граѓаните на зголемена внимателност при движење низ улиците и да се избегнува сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.
Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на проблемите.
