Владите на Северна Македонија и Косово денес одржаа меѓувладина конференција по повод 15 години од воспоставувањето дипломатски односи, меѓутоа средбата на премиерите Мицкоски и Курти ќе остане одбележана од скандал поради тоа што изостануваше македонскиот јазик.
На денот кога се прославуваат 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков во Приштина на официјалните позадини, банери и информативни материјали фигурираше само албанскиот јазик, без превод или употреба на македонскиот јазик кој според закон е единствен официјален јазик на државата за надворешна употреба.
На претходните меѓувладини конференции со други држави, беше запазена практиката документите да се презентираат двојазично, на македонски и на јазикот на партнерската земја.
Таков беше случајот на меѓувладината седница со Унгарија, како и со Црна Гора.
За ваквиот потег на Косово немаше реакција од страна на премиерот Христијан Мицкоски, ниту останатите членови на Владата, иако дипломатските кругови очекуваа рекација на ова непочитување на јазичната рамноправност.