Skip to main content
Балкан

Белградски медиуми: Возило за транспорт на државни пари со два милиони евра ограбено во близина на Рашка

18/11/2025  09:07

Возило за транспорт на пари, во кое имало два милиони евра државни пари, било ограбено вчера попладнево во близина на Рашка, а пронајдено е во близина на Нови Пазар, јавија белградски медиуми.

Ограбувачите биле маскирани и вооружени, го пресретнале возилото што ги транспортирало парите, насилно го одзеле и избегале.

Во тој инцидент нема повредени, а според неофицијални информации на белградски медиуми, во возилото имало околу 2 милиони евра. Засега нема официјално соопштение од МВР на Србија.