Skip to main content
Скопје

Независен синдикат на ЈСП: Причината за колапсот на ЈСП е недостаток на нафта за автобусите

18/11/2024  13:36

Немањето нафта е причина за колапсот во ЈСП, велат од Независниот синдикат на претпријатието за ТВ24. Од таму додаваат дека дека повеќе од три месеци се соочуваат со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше вчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете автобази. Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот.

Ноќеска, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но тоа што денес се случуваше на терен се коси со најавата од Град Скопје. Повторно во утринските часови кога автобусите им се потребни на граѓаните нив ги немаше, а посебно беа погодени подолгите релации кои го поврзуваат едниот со другиот крај на главниот град.