Skip to main content
Хроника

Страшна несреќа на булевар во Радовиш: Прегазена жена, возачот избегал па се вратил

12/11/2025  13:59

Вчера во 12:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш, патничко возило „шевролет“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(72) од Радовиш, удрило во пешакот С.Г.(66) од Радовиш, по што возачот со возилото го напуштил местото, но потоа самиот се вратил.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Г., констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото изврши екипа на ОВР Радовиш.