Skip to main content
Хроника

Измама со „мерцедес“ во Тетово: Договориле купопродажба на нотар, па возилото му го продал на трето лице

12/11/2025  13:58

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Т. од селото Блаце, поради сомнение за измама.

Според пријавата, на 21 февруари, С.Т. склучил договор за купопродажба на патничко возило „мерцедес“ со друго лице кај нотар. По договорот, на негово барање, купувачот му дозволил возилото да остане уште неколку дена кај него.

Но, и по истекот на рокот, С.Т. не го вратил автомобилот, туку го продал на трето лице.

Полицијата соопшти дека против него е поднесена кривична пријава и дека случајот ќе биде процесиран понатаму.