
На 11.11.2025 во 13:25 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го приведоа Б.Н.(24) од с.Желино, кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

