Skip to main content
Македонија

Душан Томишиќ избран за нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

12/11/2025  10:44

Дипломираниот социјален работник Душан Томишиќ е новиот претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), информираа од Комисијата.

Томшиќ е избран за прв човек на КСЗД согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација по принципот на ротирање на претседателското место. За заменик претседател, Комисијата, во иста постапка го избра членот Зекир Абдулов.

реклама

„Новиот претседател, функцијата ја презеде од досегашниот, Лимко Бејзароски, во колегијална и конструктивна атмосфера, во дух на заемна почит, соработка и континуитет во работата на Комисијата. За заменик претседател, Комисијата, во иста постапка го избра членот Зекир Абдулов. КСЗД му изразува благодарност на Бејзароски за неговата посветеност и професионален придонес во изминатиот период, како и за ангажманот во унапредување на независноста и видливоста на институцијата. Во ист дух на партнерство и заедничка визија, Комисијата продолжува со својата мисија – унапредување на еднаквоста и заштита на достоинството на сите граѓани“, се вели во соопштението на КСЗД.

Душан Томшиќ е дипломиран социјален работник кој својата професионална карирера целосно ја посветил на заштита на најрливите категории на граѓани. Во текот на неговиот работен век ги поминал сите скалила во Министерството за труд и социјална политика.

реклама

Неговиот заменик, Зекир Абдулов пак, професионално се градел во невладиниот сектор во заштита на правата на Ромите во Македонија. Пред да биде избран за член на КСЗД, Абдулов беше советник на вицепремиерот во Владата. Претходно, тој ја извршуваше и функцијата независен член на Советот на Општина Делчево.