Skip to main content
Македонија

РФМ објави конкурс за избор на официјална маскота

11/11/2025  18:16

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави денеска конкурс за избор на официјална маскота која ќе биде заштитен знак на македонскиот ракомет на домашната и меѓународната сцена.

Конкурсот ќе биде отворен до 15 декември и на истиот можат се пријават сите заинтересирани.

Идејното решение на маскотата, како што е соопштено, треба да го „претставува нашиот ракометен дух, тимска енергија и национален идентитет на сите домашни и меѓународни настани“.

„Авторот на избраната маскота ќе добие потпишан дрес од нашите ракометари и ракометарки, опрема од Ракометната федерација, како и по десет билети за секој нареден натпревар до крај на сезоната за националните натпревари во Македонија“, се наведува во објавата на РФМ.