Skip to main content
Македонија

Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство од 1 февруари ќе биде под надлежност на ЦУК

11/11/2025  15:02

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК Али Мухамед, и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски, денеска потпишаа Договор за деловно-финансиска соработка меѓу двете институции.

Како што се наведува во соопштението од Центарот, како резултат на договорот, ЦУК ја превзема обврската за формирање на Координативен центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство.

– Со овој договор се уредува меѓусебната соработка во делот на потрагата и спасувањето во областа на цивилното воздухопловство, преку размена на информации, координација, финансиска и логистичка поддршка. Целта на договорот е унапредување на безбедноста и ефикасноста при спроведување на активности за потрага и спасување. Потпишувањето на овој документ претставува потврда за континуираната заложба на двете институции за подобрување на системот за управување со кризи и воздухопловна безбедност во Република Северна Македонија, се посочува во соопштението од ЦУК.