Skip to main content
Хроника

Инцидент во Кратово: Шестмина навивачи пријавени за навредливо скандирање на натпреварот Силекс – Шкупи

11/11/2025  14:47

На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс” од Кратово  и ФК „Шкупи”  од  Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.

Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.