Skip to main content
Uncategorized

„Генералката“ на Скопје спорна од неколку аспекти

07/11/2025  13:15

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски вчера помпезно ја започна најавувата акција за чистење на Скопје во рок од 72 часа.

На стартот на чистењето дојде и премиерот Христијан Мицкоски и речиси сите скопски градоначалници.

Акцијата го подели јавното мислење, додека едни поздравуваат, други сметаат дека се работи само за маркетиншки трик.

Но, во позадина на целиот процес со отвораат неколку спорни моменти за целата акција.

Прво, имајќи предвид дека камиони за превоз на ѓубре се „позајмуваат“ и надвор од ЈП „Комунална хигиена Скопје“, се поставува прашањето дали сите камиоони што учествуваат во акцијата се со регистарски број кој е наведен во Дозвола за собирање комунален отпад издадена од надлежен орган согласно Законот за управување со отпад?

Понатаму, имајќи предвид дека се вклучи и механизација на претпријатија од други општини, се поставува прашањето дали општините донеле одлуки за вклучување на таквата механизација?

На крајот, се поставува прашањето зошто ваква робусна акција не се направи порано знаејќи дека Владата има и ингеренции и капацитети тоа да го стори?