Skip to main content
Балкан

Земјотрес утрово кај Солун

18/11/2024  08:58

Утрово, во близина на Солун, беше регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Според достапните информации, потресот се случил околу пет часот наутро, на длабочина од 10 километри, во близина на градот Гелатадес.

Имајќи ја предвид слабата јачина на земјотресот, се очекува дека нема да има ниту материјална штета ниту повредени.