Skip to main content
Хроника

Прегазен пешак пред мостот Гоце Делчев

03/11/2025  13:21

Пешак кој преминувал булевар со велосипед пред малку е прегазен пред мостот Гоце Делчев.

Повозрасен граѓанин бил удрен од автомобил пред свртувањето за улица Самоилова (кон Водовод) и за жал, починал на лице место.

На местото на несреќата се екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а сообраќајот на оваа сообраќајница се одвива забавено и отежнато.