Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ѓорѓиевски со двојна предност пред Мециновиќ

02/11/2025  19:51

ВМРО-ДПМНЕ ги соопштува првичните информации околу резултатите во вториот круг на локалните избори за Град Скопје.

Според податоците од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски води двојно пред противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ.

Од досега преброените гласови ВМРО-ДПМНЕ со Орце Ѓорѓиевски во Скопје има освено 34.734 гласа додека кандидатот на Левица Мециновиќ има 16.835 гласа.

Покрај Скопје од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека имаат убедливо водство и во Аеродром, Карпош, Дојран, Кочани, Валандово и Пробиштип.

Државната изборна комисија се уште нема излезено со првични резултати.