Skip to main content
Македонија

Ана Чупеска дала оставка од потпретседател на СДСМ

02/11/2025  19:25

Универзитетската професорка Ана Чупеска поднела оствка од функцијата потпретседател на СДСМ.

Чупеска по првиот круг гласање, изјави дека за СДСМ тие биле успешни иако партијата во првиот круг освои само три градоначалнички места.

Чупеска е професорка на Правниот факултет во Скопје, а на потпретседателската функција во СДСМ дојде откако на чело на партијата застана Фенко Филипче.

Засега не е позната причината за нејзината оставка.