Skip to main content
Македонија

Топол викенд имаме во Македонија, температурите надминаа 20 степени

01/11/2025  17:55

Попладнево во нашата Македонија имавме релативно топло и стабилно време со многу сонце и со појава на мала до умерена локална облачност. Претежно беше тивко и без некој изразен ветер.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени попладнево во нашата Македонија. Може да се види дека најтопло е во Гевгелија со измерени 22 степени.