
Најстудено утрово е во Берово, -2 степени Целзиусови, а максимални 6 степени се измерени во Крушево.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот -1 степен е измерен во Струмица, 0 во Битола, Тетово и Демир Капија, 1 во Скопје–Петровец и Крива Паланка, 2 во Лазарополе, Прилеп, Куманово, Велес и Гевгелија, 3 во Штип, Кавадарци, Скопје–Зајчев Рид и Претор, 4 во Маврови Анови, Попова Шапка и Охрид и 5 во Виница.
Утрово по одделни котлини има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината е магливо. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.

