Skip to main content
Хроника

Прегазена малолетничка во Скопје, возачот на автомобилот побегнал

29/10/2025  13:06

На 28.10.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков” во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.