Skip to main content
Македонија

ВРЕДИ: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ/НАИ

29/10/2025  10:25

Соопштение за јавност на Коалиција ВРЕДИ:

Наместо да се извини за овој јавен срам, Бајрам Реџепи дури и ги навреди жителите на Тетово, обвинувајќи ги дека ги „продале” своите гласови. Во меѓувреме, портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, се појавува на телевизија и ги нарекува Тетово, Чаир и Дебар “маали”.

Ова е вистинското лице на „патриотот” на ДУИ, кој посегнува по Левица за парче власт. Ова е највалканата зделка што Тетово ја видело досега. „Патриот” кој бара помош од Левица за да собори Албанец.

ВЛЕН јавно прашува

Дали ова е „националната стратегија” на ДУИ/НАИ да бараат спас од партијата што ги навредува Албанците и Косово?

Со каков морал се појавува Бајрам Реџепи пред тетовчани, откако се ракува со антиалбанците на Апасиев?

Каква зделка направи во замена за гласовите на Левица во Тетово?Тетово не е зделка, па затоа на 2 ноември тетовчани ќе зборуваат со јасен глас: ДА за Билал Касами.