
На 25.10.2025 во 18:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат с.Волино – с.Ливада, општина Дебрца, В.Л. (55) од Охрид управувајќи четирицикл „поларис” со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

