Skip to main content
Скопје

Вонредна есенска дератизација на територија на Општина Центар

22/10/2025  18:53

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти, стои во соопштението од Општина Центар.

Дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.

„Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ рече Герасимовски.

Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.