Skip to main content
Балкан

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

16/11/2024  14:29

На улицата „Фејеш Кларa“ во Нови Сад, полицијата во семеен дом пронашла обезглавено тело на жена.

Се сомнева дека убиството го извршил 47-годишниот син, кој според неофицијални информации имал психички проблеми.

Според некои информации, телото било пронајдено во куќата, а главата во дворот.

Од новосадската полиција потврдија дека имало убиство и дека синот е уапсен, но повеќе детали не можеа да ни кажат.